„Фајненс тинк“ предвидува годишната инфлација од 9,7 отсто

- Advertisement -

Во првиот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 7.7 отсто на годишна основа, а растот на цените е движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, кои се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување и ресторанско-хотелски услуги, објави невладината организација „Фајненс тинк“ во своето 11 издание на анализата  #МакроМонитор.

„Неизвесноста во економијата значајно се засили по Руската инвазија врз Украина на крајот од февруари 2022. Изгледите за растот на Европскиот континент се влошија, а интензитетот на конфликтот укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со првичните прогнози“, се вели во анализата која надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.8 отсто додека годишната инфлација се проектира на 9.7 отсто“, покажуваат податоците.

- Advertisement -

Од организацијата велат дека во првиот квартал од 2022, БДП се зголемило за 2.4 отсто на годишна основа.

„Овој раст е остварен на ниска споредбена основа од К1-2021, но е сличен на динамиката од 2021 година, укажувајќи на понатамошна умерена пост-пандемиска консолидација на економските текови. На ова укажува и растот од 11.2 отсто во секторите трговија, транспорт и хотелиерство, кои беа најизложени на затварањата на економијата во текот на пандемијата. Кај останатите сектори, растот во К1-2022 е стагнантен, што е особено забележливо кај земјоделството 0.3 отсто и преработувачката индустрија 0.2 отсто, додека градежништвото забележа значителен пад од 17.2 отсто“, покажува #Макромонитор.

- Advertisement -

Дополнително, според анализата, растот на извозот и увозот убрзал од 11.1 отсто на 24.4 отсто, што е одраз на олабавувањето на тесните грла во глобалните синџири на снабдување од почетокот на годината, а пред Руската инвазија врз Украина.

„Бруто инвестициите (38.6%) бележат значајно понатамошно закрепнување. Стабилизацијата на пазарот на труд и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (4.9%), додека јавната потрошувачка (0.5%) во овој квартал одразува фискална консолидација при реализација на иницијално планираниот буџетски дефицит во износ од 19.9%“, нагласуваат од „Финанс тинк“.

- Advertisement -

Оттаму истакнуваат дека невработеноста во првиот квартал од 2022 благо се намалил, на 14.8 отсто од претходните 15.2 отсто.

Но, забележуваат од организацијата, намалена е и вработеноста од 47.3 отсто на 47.1 отсто, дополнувајќи дека овие остварувања се резултат на понатамошното пасивизирање на населението – пад на стапката на активност од 55.7 отсто на 55.3 отсто помеѓу два квартала.

Сподели!
- Advertisement -