Европската вселенска агенција објави податоци за околу 2 милијарди ѕвезди, кои ги собрала во склоп на мисијата Gaia за креирање точни и целосни мапи н галасијата Млечен пат. Податоците ќе им помогнат на астрономите да сфатат како Млечниот пат се менувал низ годините врз основа на настанокот и снртта на ѕвездите.
Новите информации за староста, масата, температурата и хемиското формирање на две милијарди ѕвезди може да се користат и за одредување која ѕвезда преминала од некоја друга галаксија во Млечниот пат.
Податоците од мисијата Gaia содржат повеќе од 800.000 датотеки а ѕвездите, како и за планетите, астеоридите и другите објекти од Сончевиот систем. Ѕвездите истражени во склоп на мисијата Gaia сочинуваат само 1% од ѕвездите во галаксијата.
Млечниот пат е галаксија која припаѓа на Сончевиот систем и во која Земјата е една од планетите. Галилео Галилеј во 1609 година со својот телескоп установил дека трагот од ѕведи кој се гледа ноќе на небото е составен од огромен број на ѕвезди.
(Al Jazeera)
(фото: Picryl)