Европа почнува да ги троши резервите на гас планирани за во зима

- Advertisement -

Европа мора да ги троши складираните резерви на гас кои ги направи за пикот на претстојната зима, а причината за тоа е намаленото снабдување со горива од Русија, пренесува Bloomberg.

Според новинската агенција, падот во снабдувањето со гас најмногу ги погоди Германија, Франција, Италија и Австрија. Тоа е така затоа што Gazprom донесе одлука да ја суспендира работата на турбините на гас на Siemens поради неопходни поправки.

- Advertisement -

Залихите на подземен гас во Европа паднаа по прв пат на средината на април годинава. Почнувајќи од 14 јуни тие се 52% полни. Според последните податоци, резервите се намалени за 1%, иако гасот само се испумпува на лето и сите количини се складираат до пикот на зимската сезона.

Wood Mackenzie Ltd. даде песимистичка прогноза ако Северниот поток целосно се стопира. Според нив, Европа нема да го достигне нивото кое го постави Европската унија на почетокот на грејнатља сезона. Ако се случи тоа, целосните резерви на гас во Европа ќе се потрошат до јануари идната година.

- Advertisement -

(Bloomberg)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -