Озонската дупка може да ја снема за 43 години

- Advertisement -

Озонската обвивка, полека но сигурно се поправа, а со ова темпо дупката над Антарктикот, на местото каде што слојот е најтенок, може целосно да се пополни за отприлика 43 години, се вели во новиот извештај на Обединетите нации.

Научната проценка, која се прави на секои четири години, покажа дека заштитната обвивка околу Земјата се поправа, и тоа 35 години откако во 1987 година беше постигнат глобалниот договор за повеќе да не се произведуваат ниту да се употребуваат хемикалии кои го нагризуваат озонот во атмосферата.

- Advertisement -

Озонската обвивка е клучна затоа што го штити животот на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење, а експертите го поврзуваат со појавата на ракот на кожа и караракт, како и со оштетувањето на посевите.

Дупката во озонската обвивка настана со загадувањето кое го предизвика човекот, особено хлорофлуоројаглерод, кој го испуштаат некои фрижидери. Според извештајот, иако напредокот е бавен, ова е охрабрувачка вест. Имено, гобалната просечна количина на озон на висина од 30 км во атосферата нема да се врати на нивото пред разедувањето од 1980 година до 2040 година, се вели во извештајот и се додава дека на Арктикот нема да се врати во нормала се до 2045 година.

- Advertisement -

Уште е потешка ситуацијата на Антарктикот, каде што озонскиот слој е толку тенок што во него настана голема дупка која нема целосно да се поправи до 2066 година.

Двете главни хемикалии кои го продираат озонот се наоѓаат во ниските нивоа на атмосферата, вели главниот научник за оваа тематика во Вселенскиот центар Годард на НАСА. Нивото на хлор паднало за 11,5% во однос на врвот од 1993 година, а нивото на бром, кој е поефикасен во уништувањето на озонот, но се наоѓа пониско во атмосферата, паднало за 14,5% во однос на врвот од 1999 година, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Фактот дека нивоата на бром и хлор престанале да растат и паѓаат е вистински доказ дека Монтреалскиот протокол е ефикасен.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -