Следуваат повисоки цени на струјата?!

- Advertisement -

17 отсто повисока цена од сегашната е понудата на ЕСМ која денеска ја достави на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. 48 евра за мегават час струја е цената на ЕСМ и на едниствата понуда која што денеска ја доби ЕВН а се однесува на периодот од јули до декември оваа година.

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот му понуди на ЕВН Хоум купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Таа цена е за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзален снабдувач јануари – јуни 2022, споопшти ЕВН Хоум .

- Advertisement -

Цената од 48 евра за мегават час важи за струјата која универзалниот снабдувач ќе ја испорачува на домаќинствата додека за правните лицва кои од слободниот се префрлија на регулираниот пазар ќе важат други тарифи и цени.

ЕСМ дсоопшти дека е подготвена и дека може да ја испорача комплетната побарувачка на ЕВН ХОУМ во наредните шест месеци иако таа е зголемена за 27 отсто.

- Advertisement -

Ова ќе биде второ поскапување на цената на струјата која ќе се испорачува од ЕСМ кон ЕВН Хоум откако во јануари  ЕСМ понуди за 13,6% повисока цена, од тогашните 36 евра за мегават и во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро што резултираше со поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија за домаќинствата.

Барање за поскапување на цената на струјата до Регулаторна доставија МЕПСО, кои побараа поскапување на тарифата за пренос за 68 отсто како и Електродистрибуција која побара поскаупвање од 80 отсто. Регулаторите кои денеска имаа подготвителна седница ќе треба да одлучат кои и колку од трошоиците ќе ги признаат а тоа ќе влезе во пресметката по која ќе се модулира новата цена на струјата која ќе стапи на сила од 1 јули а со сигурност ќе биде повисока од постоечката.

- Advertisement -

Се очекува претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, идната недела да ја соопшти новата цена на струја за домаќинствата и да ги потврди праговите за трите тарифни блока по кои ќе се плаќаат сметките а кои во моментот изнесуваат 210, 420 одсносно 730 потрошени киловат часови струја во висока тарифа.

Сподели!
- Advertisement -