Повик за учесници на обука за “Аналитичар за одржлив развој”

- Advertisement -

Здруженијата на граѓани Еко Логик и Хуманост го спроведуваат проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Како дел од проектot здружението на граѓани Еко Логик организира обука за „Аналитичар за одржлив развој“ базирана на верифицирана посебна програма за образование на возрасните „Аналитичар за одржлив развој“, од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.

- Advertisement -

Со оваа програма се оспособуваат кадри со титула Аналитичар за одржлив развој кои во текот на обуката ќе се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции за конципирање (анализа и планирање) и реализирање на принципите за одржливиот развој (ОДР) во соодветната организациска единица.

Учесниците ќе стекнат соодветно знаење за проценка на животната средина, идентификување на предностите, недостатоците, можностите и заканите за спроведување на одржливи решенија во рамки на анализираните организациски единици, утврдување на индикатори за следење на ефикасноста на процесите, спроведување на еко – проверка, како и изготвување на предлог решенија за одржлив развој во организациските единици.

- Advertisement -

По завршување на обуката, учесниците ќе се стекнат со сертификат признаен на државно ниво.

Трошоците за обуката (обучувачи, освежување и материјали) ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.

- Advertisement -

Формуларот за пријавување и подетални информации за целосната програма, се достапни на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -