Ајранот е познат како напиток посебно потребен во жешките летни денови, затоа што освежува и дава енергија. Познат е како здрав и хранлив млечен производ чиј состав е богат со минерали и електролити, кој помага во надокнадувањето на изгубената вода и сол во организмот.
Бимилк Ајран е совршениот млечен напиток за летните горештини, има одличен сооднос на соленкаст и прекрасен освежителен вкус специфичен за ферментираните производи. Бимилк во изминатиот период го создаде ова ново портфолио идеално наменето за овој период од годината, кој според првичните оценки на потрошувачите, е освежителен и она што го издвојува од останатите е избалансираниот вкус на соленост. Создаден е според традиционален рецепт од најквалитетниот јогурт, а идеалниот вкус е постигнат со правилно дозирање на состојките.
Со новиот производ Бимилк уште еднаш го проширува портфолиото на кисело-млечни напитоци со истакнати здравствени придобивки и со докажано благотворно дејство врз процесите во организмот.