Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтин на Македонија ББ минус

- Advertisement -

ВестиЕкономијаМакедонијаТоп вести

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтин на Македонија ББ минус

20.08.2022 16:25

- Advertisement -

Кредитната агенција Стандард и Пурс, го потврди кредитниот рејтинг на Македонија бб минус, со стабилен изглед.

Во извештајот, Стандард и Пурс пишува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото.

- Advertisement -

Извештајот ги наведува и ефектите од растечките цени на енергенсите, но очекувањата на кредитната агенција се дека овие притисоци ќе се намалат со постепеното намалување на цените на енергијата.

Во извештајот пишува и дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат и не се очекуваат значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута.

- Advertisement -

Од народна банка соопштија дека потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал за макро-економската и финансиската стабилност.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање, и е еден од клучните показатели што потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг бб- со стабилен изглед Македонија го има девет години по ред.

Сподели!
- Advertisement -