Иновација во Белград – поставена првата кабина за прскање против комарци

- Advertisement -

Првата кабина за самостојно нанесување средство против комарци во Србија беше поставена на Ада Циганлија. Иновативниот уред е дело на компанијата MOSQ-SWITCH од Шабац, а сите посетители можат да го најдат на Макшиката страна, на самиот почеток на шеталиштето.

Александар Терзиќ, кој стои зад овој проект, откри дека уредот привлекува многу внимание и дека реакциите на граѓаните се и повеќе од позитивини. Минувачите, пред се, се заинтересирани да видат што е тоа ново на пазарот, а потоа и да го испробаат ваквиот начин на нанесување репелент за комарци, вели Терзиќ.

- Advertisement -

Додава дека компанијата моментално бара нови локации на кејови, во шаркови или во ресторани. Годинава бројот на уреди им е ограничен, па затоа мора да ги бираат и локациите. Цената за апликација на средство против комарци е 100 динари (околу 52 денари). Нанесувањето на средството трае 5 секунди, а заштитата трае 3 часа.

Корисниците нема потреба да се грижат за влијанието врз здравјето затоа што средството кое го користат е целосно природно и еколошко, велат од MOSQ-SWITCH. Исто така, не остава дамки по облеката, ниту е лепливо. Брзо се впива и ефикасно делува против комарци, а може да се нанесе безброј пати.

- Advertisement -

Кабината за прскање е мала и користи енергија добиена преку соларни панели. Идејата на копанијата ја препознал и Фондот за иновации на Србија, кој ги поддржал со 4.150.900 динари (околу 2,2 милиони денари) во склоп на програмата „Паметен почеток“ („Pametni početak“).

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -