Нов магнетен наноматеријал отстранува микропластика од водата за само 1 час

- Advertisement -

Микропластиката ја има насекаде – од свежо паднатиот снег на Антарктикот до мајчиното млеко, што значи дека оваа опасна закана е омниприсутна. Токму затоа научниците прават се што можат за да се ослободиме од неа. На пример, неодамна истражувачи од Универзитетот Принстон искористија белки од јајца за да направат порозен аерогел кој ја отстранува микропластиката и силта од водата. Минатиот месец, пак, истражувачи од Универзитетот Сари направија риба робот која со устата ја лови микропластиката во водата.

Според професорот Ники Ештиаги од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн, постојните методи ја отстрануваат пластиката од водата за неколку дена, а тој и неговите колеги сега создале евтин и одржлив иззум кој постигнува исти резултати за само 1 час. According to Professor Nicky Eshtiaghi, lead researcher at RMIT University, Резултатите од нивната студија се објавени во весникот Chemical Engineering Journal.

- Advertisement -

Истражувачкиот тим развил апсорбенти во форма на прав кои ја отстрануваат микропластиката која е 1.000 пати поситна отколку таа што може да се детектира во постојните фабрики за третирање отпадна вода. Нанопиларната структура која ја создале за отстранување на загадувачите кои се толку ситни што не може да се видат овозможува истите да се рециклираат и да се реупотребат.

Апсорбенсот е направен од наноматеријали кои може да се измешаат со вода за да ја привлечат микропластиката и да ги разложат загадувачите. Целиот процес трае само еден час, а другите слични процеси траат неколку дена. Наноматеријалите кои ги искористиле содржат железо, кое игра клучна улога за да се употребат магнети за издвојување на микропластиката и загадувачите од водата.

- Advertisement -

Тимот сега бара компании со кои ќе соработува на апликацијата на материјалот во фабрики за третирање отпадни води.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -