Платформата за видео содржини YouTube се угледува на онлајн едукативните платформи и сака официјално да го внесе онлајн учењето во своето портфолио на услуги.
Иако луѓете веќе „наголемо“ го користат YouTube за да учат нови вештини, компанијата планира да внесе малку поголема длабочина во својата едукативна понуда. Од следната година, квалификувани креатори на содржини ќе можат да пласираат „Курсеви“ кои се слични на структуираните предавања и обуки што ги нудат онлајн училиштата.
Креаторите ќе можат да изберат дали нивните курсеви ќе бидат бесплатни или платени, при што YouTube ќе зема процент од нивниот приход. Според информации на магазинот Insider, тој процент ќе изнесува 30%.
Корисниците кои ќе се одлучат да следат платени курсеви ќе можат да ги гледаат без реклами, па дури и да го минимизираат прозорецот и да го слушаат предавањето додека паралелно го вежбаат она што го учат.
YouTube исто така воведува и опција за „Квизови“, преку кои корисниците ќе можат да го тестираат своите знаење по гледањето на некое видео т.е. курс.
Бета-верзијата на „Курсевите“ на YouTube првично ќе биде лансирана во САД и Јужна Кореја следната година, пред опцијата да биде проширена и на другите светски пазари.