Играњето компјутерски игри им го подобрува памтењето и крвниот притисок на старите луѓе

- Advertisement -

Благодарение на долготрајните напори на американски научници постарите луѓе сега можат да ја користат својата когнитивна способност работејќи го она што го прават и младите луѓе – играње компјутерски игри.

Американските научници развија пакет компјутерски игри кои ги подобруваат клучните аспекти од когницијата кај старите луѓе. Станува збор за успех за кој биле потребни децении работа.

- Advertisement -

Пакетот компјутерски игри покажа позитивни резултати кај низа когнтивини процеси, вклучувајќи ја и краткотрајната меморија, вниманието и долгорочното памтење, вели кокреаторот на игрите Адам Газалеј, професор по неврологија на Институтот за неуронауки Веил при Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско и извршен директор на компанијата Neuroscape.

Тој додава дека игрите може да се прилагодат за клиничката популација како нова форма на искуствена медицина. Секоја од тие игри користи адаптивни алгоритми кои тимот на Газалеј нашироко ги објаснил во студијата Neuroracer од 2013 година, обајвена во списанието Nature. Таа студија за прв пат покажала дека може да се обнови ослабената ментална способност кај старите луѓе со само четри недели тренинг на посебно дизајнирана компјутерска игра.

- Advertisement -

Тие посебно дизајнирани алгоритми постигнуваат подобри резултати од комерцијалните игри со автоматско зголемување или намалување на тежината на играта, во зависност од тоа колку некој добро игра. Во основа, тоа ги спречува помалку вештите играчи да се преоптоварат, а истовремено да претставува предизвик за оние кои се повешти. Студијата врзана за тоа истражување е објавена во научното списание PNAS.

(Eurek Alert)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -