OПЕК го намалува производството на нафта

- Advertisement -

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) по денешниот состанок во Виена соопшти дека ќе го намали производството на нафта за два милиони барели дневно, што е најголемо намалување од почетокот на ковид пандемијата и закана за зголемување на цената на бензинот, објави Си-ен-ен.

Најголемите светски производители на нафта, меѓу кои се Саудиска Арабија и Русија, денеска се состанаа во живо, прв пат од март 2020 година, а непосредно откако го издадоа соопштението, сировата нафта Brent поскапе за 1,5 отсто на повеќе од 93 долари, додека цената на американската нафта е зголемена за 1,7 отсто, на 88 долари.

- Advertisement -

„Мора да ги видам деталите од таа одлука, но секако сум загрижен, тоа беше непотребно“ – изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Одлуката за намалување на производството на нафта стапува на сила во ноември, а претсатвниците на ОПЕК повторно ќе се состанат во декември.

Сподели!
- Advertisement -