Ова се двата тима средношколци-победници на NASA Space Apps Challenge во Македонија

- Advertisement -

Средношколци од гимназиите „Корчагин“, „Орце Николов“ и „Зеф Љуш Марку“, организирани во два тима, се победници на годишново, 10-то по ред македонско издание на светскиот хакатон Space Apps Challenge на американската вселенска агенција NASA.

Во конкуренција на 5 тимови избрани за финалисти, за првпат во 10 годишното постоење на NASA Space Apps Challenge 2022 кај нас, 5-членото жири едногласно одлучи да избере два тима како прво пласирани. Тоа е резултатот на националното супер финале од 48-часовниот хакатон кое се одржа вчера попладне.

- Advertisement -

Тимовите AERTH и YCCC-SPACE EAGLES подеднакво ги освоија гласовите на членовите на жирито со понудените решенија за предизвиците. И во двата случаи стануваше збор за високо-квалитетни и добро промислени проекти, иновативен пристап, голем обем на сработени активности за само 48-часа и високо ниво на тимска соработка во рамки на хакатонот.

Признанието за второ место отиде во рацете на тимот THE EXPOSERS, кои се првите учесници што заради нивото и квалитетот на нивните идеи, обемот на технички познавања, силна визија и функционално решение-прототип изработено во само 48-часа успеаја од младинската конкуренција рамноправно да се натпреваруваат со останатите тимови во категотијата 15+ и дури да освојат и пласман.

- Advertisement -

„Огромна благодарност до Амбасадата на САД за традиционалната поддршка на овој уникатен настан уште од 2014та година кој традиционално ги поддржува младите таленти од земјава да соработуваат, да сонуваат, да ги надминуваат сопствените граници притоа развивајќи ги своите STEАM вештини и знаења и креирајќи бројни животни вештини. Со поддршка на амбасадата претставници на националните победнички тимови заедно со нивните ментори ќе патуваат во NASA’s Kennedy Space Center, а кон оваа поддршка благодарение на извонредниот настап на сите финалисти од вчера се приклучи и Фонд за иновации и технолошки развој, предводен од директорот Фестим Халили. “, вели Ирена Чаушевска – Даниловска, генерален менаџер на NewMan’s Business Accelerator и организатор на натпреварот во Македонија

Тимот AERTH креираше решение со чија помош корисниците можат да го следат, но и предвидуваат движењето на Меѓународната Вселенска Станица International Space Station притоа учејќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. За изработка на ова решение, тимот користеше знаења од математика, орбитална механика, физика и програмирање. За да го испробате нивното решение продолжете на нивната веб страна https://aerthisstracker.study

- Advertisement -

Нивниот целосен проект е достапен на https://2022.spaceappschallenge.org/…/teams/aerth/project

Тимот YCCC-SPACE EAGLES , пак, се фокусираше на изработка на интерактивна мобилна апликација и веб страна преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината направени од земјотреси таканаречени moonquakes, преку податоци добиени од NASA добиени од сеизмички и геофизички податоци прибрани од инструментите кои ги имаат оставено астронаутите од Apollo мисиите. За да разгледате што направија кликнете на https://www.moonquakes.earth

Нивниот целосен проект е достапен на https://2022.spaceappschallenge.org/…/space…/project

И двете решенија вклучуваа изработки и на потребните 3D модели, во првиот случај на Месечината, а во вториот на Меѓународната Вселенска Станица.

Најмладите учесници кои го оформија тимот THE EXPOSERS креираа прототип на сонда опремена со независен систем за напојување со енергија за да може да издржи и 60-дневни мисии која имаше задача да ја истражува планетата Венера. Во овој тим членуваа основците Бодан Николов (12) од QSI International School of Skopje, Миа Чаушевска (12) од NOVA International Schools и Јаков Здравевски (13) од IPS.

Во тимот AERTH  членуваат средношколците Мирослав Мишоски, Илин Московски, Леонид Индов, Марио Блажевски, Матеј Крстески и Калин Јовановски на возраст од 16 и 17 години од СУГС „Р.Ј. Корчагин“ и СУГС „Орце Николов“ Скопје. Ментор на тимот е Марко Лазетиќ од Машински факултет.

Во тимот YCCC-SPACE EAGLES пак членуваат средношколците Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, Кренар Ахмет и Дијар Селами на возраст од 17 и 18 години од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ -Скопје, кои исто така се членови и на младинскиот центар од општина Чаир. Ментор на тимот е Ндерим Нагавци.

„Особена благодарност упатуваме и до Шериф Мифтари, директорот од Центарот за стручно образование, кој ја препозна и поддржа идејата што повеќе средношколски тимови од целата земја да земат учество во натпреварот.

Посебна благодарност упатуваме и до минатогодишниот победнички тим TeamySeed Тијана Костовска и Климент Младеноски , кои со својот успех инспирираа и многу други млади да се охрабрат и да се натпреваруваат.

Бесценетата поддршка и гостопримство на Netaville и Netcetera Macedonia го направи овој прв хибриден постпандемиски хакатон незаборавен за сите учесници. Посебна благодарност до менторите кои посветено и професионално ги поддржаа сите тимови и секако до нашето жири кое имаше тешка задача и голем предизвик при изборот и рангирањето на најдобрите и најуспешните во решавање на овогодинешните предизвици.“, вели Чаушевска – Даниловска.

Во жири комисијата за време на првиот настап на тимовите и за време на финалето членуваа:

1. Стојанчо Туџарски, експерт по Вештачка интелигенција

2. проф д-р Ѓорѓи Маџаров, професор по машинско учење и софтверско инженерство

3. Мерита Рамадани Алими, претприемач и член на бордот на Стопанската Комора на Северо-западна Македонија

4. проф д-р Милош Јовановиќ, со научен интерес во графови на знаење, наука за податоци, отворени податоци и семантички веб технологии

5. Маја Кољозова, Професор по математика, физика и роботика

6. Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој

7. Филип Сарџовски, експерт за нови технологии во Netcetera Macedonia

8. Ирена Чаушевска Даниловска, генерален менаџер на NewMan’s Business Accelerator и лидер на натпреварот во Македонија

Сподели!
- Advertisement -