ВИДЕО: Машина генерира енергија и од најмалите бранови

- Advertisement -

За разлика од турбините на ветар кои се поставуваат среде вода, кои ја користат силата на ветрот за да генерираат струја, но им треба силен ветар, сега постои машина која ја искористува моќта на брановите без прекин и ги користи дури и најслабите бранови.

Машината е составена од посебен вид на метални пловки, кои се подигаат или се спуштаат заедно со движењето на брановите. На тој начин се компресираат и се олабавуваат хидраулични клипови, кои потиснуваат биоразградлива хидраулична течност до акумулатори поставени на копно.

- Advertisement -

Така се создава притисок во акумулаторите, кој почнува да го ротира хидрауличниот мотор, а тој мотор го ротира генераторот на струја. Создадената струја се носи до електрична мрежа преку инвертер.

Ако се постават стотици вакви пловки ќе се создаде доволно струја за напојување на цели градови. Пловките сами се штитат за време на бура така што се подигаат во воздух. Кога ќе помине бурата, автоматски се враќаат во вода и продолжуваат да создаваат енергија.

- Advertisement -

Едноставниот, но паметен дизајн на пловките овозможува да се постават на постоечки инфраструктури, што значи дека се олеснува инсталацијата, одржувањето и пристапноста.

Моќта на брановите може да донесе пресврт во светот сега кога сите земји се обидуваат да најдат начин за префрлање кон 100% обновлива и чоста енергија поради војната во Украина.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -