Сараево во понеделникот беше најзагаден град во светот

- Advertisement -

Босанската престолнина Сараево во понеделникот навечер имаше најзагаден воздух во светот откако мерните инструменти утврдија концентрација на штетни материи која е опасна по човечкото здравје.

Според податоците кои ги објави порталот AQAir, индексот на квалитет на воздухот во главниот град на БХ во вечерните сати бил 317, што означува краен степен на опасноаст по здравјето. Притоа, концентрацијата на ситни честички прашина PM 2,5, кои длабоко влегуваат во белите дробови и можат трано да му наштетат на здравјето била 53,4 пати поголема од вредностите кои СЗО ги смета за дозволени.

- Advertisement -

Така, Сараево стана град со најзагаден воздух во светот, а веднаш зад него се градови како Лахоре во Пакистан, Дака во Бангладеш и Калкута и Делхи во Индија, но индексто на загадување таму сепак бил помал во распон од 229 до 298.

И покрај драматичние показатели на здравјето на воздухот, градските власти во Сараево не прогласија вонредни мерки ниту воведоа ограничувања. Главниот виновник за загадувањето во Сараево се смета дека се малите ложишта, односно јагленот кој го согоруваат многу домаќинства за загревање, како и несразмерно големиот број автомобили по градските улици, а најголем број од нив се со застарени мотори.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Airclim)

Сподели!
- Advertisement -