ВИДЕО: Ова се најбрзите чевли во светот

- Advertisement -

Замислете да можете да одите со брзина со која вообичаено трчате. Тоа сега е возможно благодарение на чевлите Moonwalker, кои на корисникот му овозможуваат да се движи со брзина од 11,2 км/ч.

Инженери за роботика претставија нешто што го нарекуваат најбрзите чевли во светот, односно обувки дизајнирани со осум тркала кои ја зголемуваат брзината на одење за дури 250%.

- Advertisement -

Обувките се викаат Moonwalker, а функционираат рака што се врзуваат околу вашите чевли или патики и ве трукаат напред со помош на мали електрични мотори кои ги придвижуваат тркалата.

Станува збор за иновација на тим од инженери од компанијата за роботика Shift Robotics, кои дошле до таа идеја кога основачот на компанијата, Ксунџи Жанг, еднаш кога отишол на работа пдлучил да си го подобри одењето, а не са го замени со некое превозно средство. Тој дотогаш на работа одел со скутер, а тој ден за малку ќе се судрел со автомобил.

- Advertisement -

„Тогаш сам се прашував зошто не ги изодев тие 30 минути. Не само што одењето е посигурно, туку е и дел од нашата природа. Затоа почнав да барам начин да го подобрам нашето одење наместо да го заменам“ вели Жанг.

Moonwalker ја зголемуваат брзината на одење од просечно 4,8 км на час на 11,2 км на час. Тајната на Moonwalker се уникатни алгоритми за машинско учење кои се прилагодуваат на одот на корисникот. Цената за најбрзите чевли во светот не е воопшто ниска – 1.399 dдолари, а проектот се наоѓа и на Kickstarter, каде што веќе собра 90.000 долари.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -