Научници ја направија досега најдеталната мапа на деловите мозокот одговорни за меморија

- Advertisement -

Австралиски научници ја направија досега најдеталната мапа на неуралните патишта кои го поврзуваат хипокампусот со остатокот од мозокот и открија неочекувани врски меѓу тие региони.

„Бевме изненадени што пронајдовме помалку врски меѓу хипокампусот и кортикалниот дел и повеќе врски со други делови за визуелна обработка отколку што очекувавме“ вели психологот Маршал Далтон од Универзитетот Сиднеј.

- Advertisement -

Иако уште постојат многу дебати за точната улога на хипокампусот во човечкото памтење, невролозите се убедени дека тој игра клучна улога во изградбата на меморијата и нејзиното интегрирање со нашата перцепција, за да ни овозможат носење одлуки во иднина. Подоброто разбирање на начинот на кој функционира хипокампусот во контекст со други делови од мозокот на научниците во иднина ќе им помогне да решаваат проблеми со губење на памтењето.

Користејќи нова технологија за ​​MRI скенирање, која користи дифузија на молекули на вода низ ткива за создавање контраст, Далтон и неговите колеги создале мапа со висока резолуција на врските меѓу хипокампусот и церебралниот кортекс од мозоци на седум возрасни жени на возраст под 35 години. Студијата за тоа е објавена е објавена во списанието eLife.

- Advertisement -

„Сега развивме прилагодена метода која ни овозможува да потврдиме каде во хипокампусот се поврзуваат различни кортикални региони. Тоа досега не е направено во жив човечки мозок. Она што го направивме е многу подетален преглед на патиштата на белата маса, кои се всушност автопатишта на комуникација меѓу различни делови од мозокот, вели Далтон.

Научниците откриле дека хипокампусот има различни мрежи за испраќање пораки, од кои секоја еповрзана со одредени делови од кортексот. Нашето претходно знаење за тие врски произлегува од дисекција на мозоци на примати, а добиената нова мапа на мозокот е усогласена со претходните знаења.Но, научниците сега открија многу повисоко ниво на врски во делот на визуелната обработка на човечкиот мозок и помалку во фронталните кортикални делови.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -