LG ќе го претстави првиот 4K OLED монитор

- Advertisement -

Иако саемот за електроника CES 2024 почнува во јануари идната година, LG вообичаено веќе најавува што ќе прикаже таму. Меѓу другото, ќе ја претстави новата линија UltraGear OLED гејминг монитори, кој го вклучува и долго очекуваниот 32-инчен 4K гејминг монитори, кој има брзина на освежување од 240 Hz, како и LG Dual-Hz и Pixel Sound технологиите.
Најинтересен нов LG OLED ќе биде 32GS95UE со новата опција Dual-Hz, која на корисниците им овозможува префрлање од 4K (3840 x 2160) на 240Hz и Full-HD (1920 x 1080) на 480Hz со еден едноставен клик.

Оваа иновација на корисниците им овозможува примена на оптималната комбинација од резолуција на екран и стапка на освежување за игрите кои се играат брзо. За брзите акциски наслови и игрите со пукање корисниците можат да изберат FHD 480Hz, додека во визуелно богатите игри може да уживаат во 4K 240Hz.
Мониторот дополнително го подобрува корисничкото искуство со минималната рамка на екранот и нијансираниот тридимензионален звук со технологијата  Pixel Sound и интегрираните предни звучни системи. Звучниците се скриени зад самиот ОЛЕД панел, со што се елиминира потребата за надворешни звучници и штеди простор на бирото.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -