Македонија со три тима ќе учествува на Светското првенство во еспорт Бали 2022

- Advertisement -

Македонската еспорт репрезентација ќе учествува со три тима на Светското првенство во еспорт Бали 2022. Индонезија ќе биде домаќин на шампионатот во еспорт, кој се одржува од 1 до 12 декември.

На првенството ќе се натпреваруваат повеќе од 600 играчи од 106 земји, а македонската еспорт репрезентација ќе се натпреварува во три дисциплини: Dota 2, eFootball и CS:GO.

- Advertisement -

Развојот на еспортот во 2022 година го доживува својот врв. На овој масовен настан, македонските репрезентативци учествуваат редовно уште од самиот негов почеток и остваруваат солидни резултати. Меѓу другото, нашите натпреварувачи успеаја да постанат двократни европски и актуелни светски прваци во CS:GO, така што очекувањата за нови успеси се возможни.

Македонската еспорт федерација преку организирање на официјалната еспорт лига и турнири во текот на годината, константно, е активна и вложува во развој на еспорт тимови и атлети.

- Advertisement -

Првенството ќе биде пренесувано на twitch каналот на македонската еспорт федерација (https://www.twitch.tv/mesf_tv) каде сите љубители на еспортот и поддржувачи на македонските репрезентации ќе можат да ги следат дуелите и директно да ја изразат својата поддршка.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -