Првите безбедносни тонски пораки кои ги слушавте по заземањето на местото во авионот беа предупредувања до патниците да ги врзат појасите и да ги исклучат мобилните телефони.
Но наскоро нема да биде така и телефоните ќе може да се користат слободно за време на летот исто како што можеа да ги користат лап топ компјутерите и таблетите.
Европската комисија им дозволи на авиокомпаниите да ја обезбедат 5Г технологијата во своите авиони, вклучувајќи го интернетот.
Тоа значи дека патниците веќе нема да мора да ги подесуваат своите телефони на авионски режим додека летаат, но засега е нејасно како ќе се спроведе тоа.
Крајниот рок за земјите-членки да ја овозможат 5Г фреквенцијата во авионите е 30-ти јуни 2023.
На тој начин, патниците ќе можат слободно да разговараат на мобилните телефони додека се во воздух и да користат апликации за стриминг на музика и видео.
-Овој план ќе им овозможи иновативни услуги на патниците и ќе го помогне растот на европските компании. Небото веќе не е граница кога станува збор за можностите што ги нуди супербрза конекција со висок капацитет, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Батон.
Извршниот директор на британскиот одбор за безбедност во авио сообраќајот Даи Витингем за BBC рече дека претходно за време на летовите се барало да се исклучат телефоните затоа што не било познато како мобилните влијаат врз апаратурата во авионите.
5Г мрежата делувала на фреквенции кои не го попречувале летањето, истакнал Витингем.