Прочистувачи за воздух, амбалажа од портокал и компир, апликација за диви депонии – иновациите на среднопколците го воодушевија жирито!

- Advertisement -

GreenTech Entrepreneurship Challenge е натпревар наменет за ученици од средните технички училишта надвор од главниот град Скопје, со цел дизајнирање иновации во областа на зелената технологија и развивање на претприемнички начин на размислување преку практична работа. Проектот истовремено се спроведуваше во македонските и хрватските средни училишта во парнерство со Lean Startup Croatia, кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

СТАРТАП МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА МЛАДИ ИНОВАТОРИ

- Advertisement -

GreenTech Entrepreneurship Challenge за прв пат се реализираше кај нас во Македонија. По пет недели едукација за основите на процесот на дизајнирање претприемнички потфати и развој на иновации, интересни работилници за климатските промени, како и разбирање на улогата на зелените технологии, менторирани од страна на македонските стартапи и парнерски организации, дојде ред и денот за pitching на решенијата. Финалето на натпреварот се одржа во Netaville во Скопје – Coworking простор со училница за обуки, зона за одмор, кафе и амфитеатар на едно место – простор за студенти и ИТ заедницата. Настанот го отвори Христијан Волкановски – проектен координатор на GTEC.

Најуспешните тимови беа избрани од стручна комисија составена од:
Startup Macedonia – Игор Маџов

ProCredit Bank – Методија Миноски
ARNO – Марјан Ицоски

- Advertisement -

IME – Дане Јосифовски

GIZ – Филип Нелковски

- Advertisement -

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НАОЃААТ КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ДЕНЕШНИЦАТА

Годинава на GTEC предизвикот учествуваа пет училишта од различни градови од Македонија – СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар, ОЕМУЦ „Наум Охридски“ – Охрид, СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и СОУ „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци.

Учениците имаа слобода во изборот на својот предизвик кој потоа го решија со помош на иновации во полето на зелените технологии.

Но, учениците не застанаа само на презентации, туку отидоа чекор понатаму и под менторство на своите наставници развија прототип модели за решавање на предизвикот кој го избраа. На овој начин, жирито можеше лично да ја провери функционалноста на решението. Прочистувачот за воздух и мобилната апликација за мапирање на диви депонии од различен размер беа прототип модели кои беа во топ 5те решенија.

По финалниот pitching учениците заедно со наставниците отидоа на едукативна прошетка низ објектите на ProCredit Bank која беше еден од главните партнери за реализација на овој проект. Методија Миноски во улога на раководител на единицата за животна средина во ProCredit Bank со голем ентузијазам раскажа што ја прави ProCredit зелена банка. Од -1 па до кров, објектот е енергетски ефикасен, произведуваат електрична енергија за сопствени потреби преку фотоволтаици и користат електрични автомобили. Овој пример служеше за инспирација на младите ентузијасти.

Иако одлуката не беше ниту малку лесна, наградата на крајот ја освои тимот TRASHPINGER – апликација за мапирање на диви депонии од различен размер.


Игор Маџов и Христијан Волкановски од Стартап Македонија го затворија GreenTech Entrepreneurship Challenge заблагодарувајќи им се на сите учесници, наставници и соработници. Двајцата најавија дека овој проект во 2023та година ќе се реализира во уште поголем обем и ги повикаа помладите генерации ученици од техничките училишта да бидат двигатели на позитивните промени во македонскиот старт ап екосистем.

Сподели!
- Advertisement -