ЕјџТек Груп ќе го проширува развојниот центар во Скопје со инвестиција од 4,5 милиони евра

- Advertisement -

Инвестиција од 4,5 милиони евра во развојниот центар во Скопје и отворање на нови 170 работни места во наредните пет години, најави денеска Директорот за финансии во групацијата ЕјчТек (HTEC), Мирослав Виријевиќ. За таа цел компанијата ќе добие и финансиска поддршка од државата.  „Квалитетот на луѓето кои ги затекнавме овде не уверува дека донесовме вистинска одлука. Многу ни е драго дека инженерскиот талент кои го наоѓаме овде е способен да работи на најпредизвикувачки проекти за нашите клиенти и да учествува во развој на нов дигитален свет во кој сите денеска работиме“, рече Виријевиќ, додавајќи дека тука гледаат голем талент и дека  сакаат и понатаму да го прошируваат работењето во Северна Македонија. 

„Затоа определивме инвестиција од 4,5 милиони евра која сакаме да ја вложиме во наредниот период со цел и понатаму да ги развиваме овие центри и да создаваме нови работни места. 
Би сакал посебно да се заблагодарам на Владата која не поддржа во овој процес и влијаеше многу да се одлучиме нашиот развоен центар да го отвориме токму тука и да работиме на нашите развојни активности“, изјави Виријевиќ.

- Advertisement -

Денеска во посета на оваа ИТ компанија беа премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, а повод беше потпишаниот договор со компанијата, Согласно Законот за контрола на државна помош, за петгодишен инвестициски проект започнат во јуни 2021 година, со вредност од 4,5 милиони евра.На денешниот настан по повод потпишувањето на договорот, премиерот Ковачевски, истакна дека поддршката на компаниите во времиња полни со предизвици е од клучна важност. „Така им овозможуваме на компаниите да влезат во инвестициски процеси, а сето тоа доведува до забрзан економски раст на државата, раст на БДП, како и етаблирање на Северна Македонија на глобалните пазари во Европа и светот. Граѓаните овде имаат капацитет, имаат вештини и знаење и драго ми е што ова го препознал менаџерскиот тим на ЕјџТек, за токму овде, во нашата земја, да основат нов развоен и истражувачки центар во кој е предвидено да се вработат инженери и дизајнери за развој на нов високо технолошки софтвер, дигитализација и создавање на високо-технолошки производи, рече тој.Премиерот дополни дека со отворање на вакви работни места им се нуди перспектива на младите, да останат да работат и да инвестираат со труд и знаење во сопствената држава, и во исто време, како што рече, „да бидат европски платени“.Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја истакна важноста од поддршката за компаниите за отворање нови добро платени работни места.

 „Веќе започнаа исплатите за државна помош за компаниите по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година поддржуваме рекордни 417 компании, а секоја година го зголемуваме и буџетот за поддршка, оваа година ќе бидат исплатени 1,7 милијарди денари. Со моето доаѓање на оваа позиција во 2020 година, за првпат и покрај ковид кризата, имавме 100 проценти исплата на државната помош и продолжуваме и оваа година, како и минатата година, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме“, рече Битиќи.

Сподели!
- Advertisement -