Нерешената кавга со некој дома може да ви остави немир во стомакот, кој не исчезнува кога ќе појдете на работа. Таа кавга може да влијае на вашиот начин на работа, и тоа на начин на кој сигурно не очекувате, покажа едно ново истражување објавено во списанието Journal of Applied Psichology.
Според тоа истражување, иако кавгата дома може негативно да влијае на расположението и на енергијата, од друга страна, може да ви помогне. Имено, истражувачите откриле дека луѓето кои имале непријатна интеракција пред да појдат на работа кога отишле на работа почнале да им нудат помош на колегите, како лично така и професионално. После кавгата вработените сепак биле нерасположени, но исто така биле и поддршка за другите.
Извештајот бил базиран на неколку различни студии. Во една од нв истражувачите интервјуирале 111 парови, кај кои и двата партнери работеле. Кај едниот од партнерите се следело нерасположението и колку тоа им помогнало во текот на работниот ден. Другиот партнер, пак, одговарал на прашањето дали бил поттикнат на непирстојност пред работа?
Како што пишува CNBC, тие на кои утрото им почнало со кавга со партнерите биле нерасположени на работа, но многу повеќе им помагале на колегите. Поимагањето на соработниците кои имаат лични проблеми нпридонесува за подобро расположение кога ќе се вратат дома.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)