Time магазинот ја прогласи 16-годишната активистка за климатски промени Грета Тунберг за личност на годината

- Advertisement -

Тинејџерката Грета Тунберг од Шведска, која на светот и стана позната по своите активности за борба против климатските промени, е прогласена за личност на годината од страна на реномираниот американски магазин Time. 16-годишната Грета е најмладата личност во светот која го добива ова признание.

Таа ги сврте очите на целиот свет кон себе со својот последен потег кога во септември годинава со еколошка едрилица пловеше две недели на море за да стигне да одржи импресивен говор на Самиот за климатски промени на Обединетите нации.

- Advertisement -

„Тунберг стана најгласниот глас за најбитното прашање денес за планетата Земја. Таа е аватар за поширока генерациска промена во нашата култура кој го следат сите – од Хонгконг до Вашингтон“ напиша главниот уредник на Time, Едвард Фелсентал.

Секоја година магазинот ги избира највлијателните личности, групации, движења и идеи од изминатите 12 месеци. Минатата година признанието на годината го освоија The Guardians, група новинари кои беа таргетирани и напаѓани за нивната работа. Во 2017 година тоа беа The Silence Breakers, група луѓе кои отворено проговорија за сексуално злоставување.

- Advertisement -

Ова е трета година по ред како Time не прогласува некој светски лидер за личност на годината. Анериканскиот претседател Обама во 2016 година беше прогласен за личност на годината, а германската канцеларка Меркел во 2015 година.

Сподели!
- Advertisement -