Вештачка интелигенција може да пишува говори – бара можност да се развива

- Advertisement -

Вештачката интелигенција последните години доживеа невиден развој, поради што мнигумина се плашат дека во иднина би можела да работи непто што досега го работеле луѓе. Она што, всушност, се случува е отворање можности за човечка интеракција со решенијата со вештачка интелигенција, и тоа на импресивно ниво.

Веќе се појавија истражувања кои укажуваат на тоа дека решенијата со вештачка интелигенција за комуникација/разговор во сите сегменти на мерењата имаат повисоко ниво на IQ од просечниот човек и фасцинантна можност за прилагодување.

- Advertisement -

Секојдневно во медиумите и по социјалните мрежи излегуваат нови информации за решенија кои ќе содржат вештачка интелигенција, па така, сега знаеме дека многу брзо нашата работа со Excel таблици ќе биде многу помалку макотрпна и ќе се отвори цел свет за нови можности.

Со оглед на тоа колку убаво се изразува решението ChatGPT, моментално е јасно дека набрзо многу работни места во професии кои живеат од пишаниот збор може да бидат загрозени или новинарите ќе добијат нови соработници во форма на AI решенија.

- Advertisement -

Но, AI револуцијата ќе биде многу поширока отколку пишаниот збор. Во подкастот кој е објавен на социјалните мрежи AI глуми и новинар и негов стручен соговорник, кои разговараат за една научна тема, и тоа на неверојатен начин.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -