Европјаните се загрижени поради поскапувањата. Според Евробарометар, 93 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот.
Во секоја земја-членка на ЕУ, повеќе од седум од десет испитаници се загрижени за порастот на трошоците за живот. Најголема загриженост има во Грција (100 проценти), Кипар (99), Италија и Португалија (и двете по 98 отсто). 82 проценти од испитаниците се загрижени поради заканата од сиромаштија и социјална исклученост, а 81 отсто рекле дека се грижат поради климатските промени и опасноста војната во Украина да се прошири и во другите земји. Анкетата покажува и дека речиси половина од населението на ЕУ (46 проценти) навеле дека нивниот животен стандард веќе е намален поради ефектите од пандемијата на коронавирусот, поради војна на Русија против Украина и кризата со трошоците за живот. 39 отсто се изјасниле дека не доживеале пад на нивниот животен стандард, но очекуваат тоа да се случи во тековната година.
Но, и во регионот нема да биде лесно. За Западен Балкан се предвидува раст од 2,5 проценти во 2023 година, наспроти првично проектираниот од 3,1 проценти. Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава.
Фото – Pxhere