Протенски инјекции ќе ги поправаат мускулите после срцев удар

- Advertisement -

Кардиоваскуларните болести се една од најчестите причини за смрт во светот. Последица на срцевиот уар е оштетен срцев мускул, што со тек на време се претвора во лузна. Тоа ткиво со лузна со тек на време може да доведе до компликации со пумпањето и транспортирањето на крвта затоа што ја нема еластичноста и флексибилноста како здравиот срцев мускул и не може да се врати како што било.

Се досега.Сега по по прв пат интернационални истражувачи од Универзитетот Сиднеј развија метод, односно протеинска инјекција која може да ја врати изгубената еластичност на оштетеното ткиво на срцето после срцев удар.

- Advertisement -

Протеинот се вика тропоеластин и може да „го врати назад времето“ за оштетените мускули, со што лузните стануваат поеластични и може да се врати способноста на срцето да контрахира, велат научниците.

Ова исто така е прв пат научници да го истражуваат потенцијалот на тропоеластин за третирање срцеви болести. Истражувањето го покажува потенцијалот на тропоеластинот во поправање на срцето и посочува дека со понатрамошни анализи можеби ќе може да се користи за други третмани и терапии, вели водечкиот истражувач Робер Хјум.

- Advertisement -

Во претклиничките студии истражувачите инјектирале тропоеластинво ѕидовите на срцето на стаорци неколку дена отколку им бил предизвикан срцев удар. Со нов хируршки метод кој користи ултразвуци се води иглата до ѕидот на срцето, што помалку инвазивно отколку претходните методи.

28 дена подоцна срцевиот мускул кој бил оштетен и имал лузнаја вратил еластичноста и почнал да функционира слично како пред срцевиот удар.

- Advertisement -

Резултатите од студијата се објавени во списанието Circulation Research.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -