Како Јапонија го намали бројот на пушачи?

- Advertisement -

Трендот на пад на потрошувачката на цигари во Јапонија во периодот од 2011 до 2019 година кореспондира со растот на продажбата на уреди кои го загреваат, но не го согоруваат тутунот (Heated Tobacco Products HTP), покажа истражувањето на американски истражувачи од Јужна Каролина и од Канада.

Резултатите од последното истражување, кое беше објавено на крајот на мај годинава, укажуваат на поврзаност меѓу драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија од 2016 година и растот на продажбата на уреди кои го загреваат тутунот.

- Advertisement -

Авторите на студијата се Мајкл Камингс и Џорџ Нахас од Каролина и професорот Дејвид Свинор од Канада, кои при истражувањето користеле податоци од Институтот за тутун во Јапонија.Како што велат, замената на традиционалните цигари со уреди кои го загреваат, но не го согоруваат тутунот има голем потенцијал за намалување на штетата која ја прават во однос на последиците од пушењето цигари.

Јапонија е иницијален пазар за продажба на вакви уреди базирани на иновативна технологија, а на тој пазар компанијата Philip Morris на крајот на 2014 година го претстави IQOS, додека две години подоцна се појавија и други производители на уреди кои го загреваат тутунот.

- Advertisement -

Според досегашните анализи, во Јапонија моментално најразвиен според бројот на корисници е пазарот за уреди кои го загреваат тутунот. Резултатите од студијата покажуваат дека помеѓу 2011 и 2019 година продажбата на класичните цигари паднала дури за 38%.

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -