НАСА и Boeing развиваат нова генерација авиони

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА и воздухопловниот џин Boeing објавија дека се здружиле на развојот на идната генерација на комерцијални авиони со ниска емисија на јаглерод. НАСА ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години во овој проект, а Boeing и неговите партнери околу 725 милиони долари. Целта е да се произведат комерцијални авиони за во иднина кои ќе бидат поефикасни во потрошувачката на гориво и кои ќе имаат бројни предности за околината, за индустриката за комерцијално воздухопловство и за патниците ширум светот. Ако се успешни во тоа, оваа технологија ќе можеме да ја видиме во авиони кои чуѓето ќе ги користат во текот на идната деценија.

Технологијата е употребена и тестирана преку програма и ќе ги инспирира идните проекти и може да доведе до откритија во аеродинамика и напредок во економичноста на потрошувачката на гориво, објавија од Boeing.

- Advertisement -

Според НАСА, инженерите ќе се обидат да развијат авион со 30% помала потрошувачка на гориво и емисија во споредба со најекономичните авиони денес. Вселенската агенција планира да го доврши тестирањето на програмата до крајот на 2020 година за технологијата и дизајнот да може да се применат на идната генерација авиони денес.

Boeing и НАСА планираат да тестираат и иновативно авионско крило кое созава помал отпор и предизвикува помала потрошувачка на гориво.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -