Во Кина се гради првиот хотел со патнички дронови во светот

- Advertisement -

Познатиот кинески производител на патнички дронови EHang. чии летала веќе неколку години се тестираат ширум светот, вклучувајќи и во Дубаи, кој планира да ги воведе во системот за јавен превоз, склучи партнерство со кинеската туристичка компанија LN Holdings.

Нивната цел е интеграција на леталата EHang 216 AAV во првиот тематски хотел посветен на дронови во светот LN Garden во Нанши, крајбрежен регион во провинцијата Гуангжу. Со тоа LN Garden ќе стане првиот хотел со 5 ѕвезди во светот кој за своите гости нуди такси превоз со патнички дронови.

- Advertisement -

Дека не станува збор само за маркетинг доказ е фактот дека EHang на потпишувањето на договорот со LN Holdings повел на пробен лет осум новинари, кои имале прилика од воздух да го разгледаат хотелот LN Garden.

Од EHang велат дека наското ќе стартуваат пилот програма со новата услуга со цел промоција на иновативната интеграција на воздушните излети, воздушната логистика и едукација, а воедно ќе ги промовираат и новите искуства на воздушниот сообраќај и ќе истражуваат други можности за примена на леталата EHang AAV letjelica.

Сподели!
- Advertisement -