Toyota лани продала најмногу автомобили во светот

- Advertisement -

Јапонската компанија Toyota минатата година испорачала 10,5 милиони возила ширум светот, со што го задржа првото место на листата со најпродавани производители на автомобили.

Toyota, во чија сопственост покрај истоимениот бренд се и Lexus и Daihatsu,во странство продала рекордни 8,6 милиони возила, што придонесе да се надомести падот на бројот на продадени автомобили на домашниот, јапонски пазар.

- Advertisement -

Продажбата во Јапонија е намалена за 9,6%, односно на 1,9 милиони возила.

Групацијата Wolksvagen минатата година го зазеде второто место во светот, а претходно овој месец овој производител објави дека имал најмала продажба во последните 10 години. Минатата година биле продадени 8,3 милиони возила.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -