Данска компанија произведе робот кој може да тура гориво во автомобил

- Advertisement -

Во време кога технологијата навлегува во сите сфери од животот, начинот на турање гориво во резервоарите на автомобилите и понатаму е механички и бара човечка активност. Меѓутоа, данската компанија Autofuel сака да го промени тоа.

Autofuel создаде систем на турање гориво во автомобил кој го елиминира присуството на возач или вработен во бензинска пумпа. Системот се состои од роботска рака која тура гориво, како и апликација преку која се врши идентификација на купувачот, па целиот процес е hands-free. Овој систем е олеснување на корисниците, но и значајна помош за инвалидите.

- Advertisement -

Од компанијата наведуваат дека процесот на турање гориво е непроменет во последните 70 години, додека технологијата се развива многу брзо и денес имаме брз интернет, мобилни телефони, асистенти со вештачка интелигенција и автономни автомобили. Роботизираното полнење гориво е бизнис во развој, а само на европскиот пазар се очекува раст до 50 милијарди долари до 2028 година.

За да го користи роботот корисникот треба да креира профил и да ги внесе деталите за автомобилот како типот на гориво, начинот на плаќање и ресгистарските таблички. Меѓутоа, за да го користат системот автомобилите мора да имаат специјално капаче на резервоарот за да функционира процесот. Посебен дисплеј ќе покажува инструкции за паркирање на автомобилот на соодветно место за да се тури гориво.

- Advertisement -

Роботска рака потоа ќе го отвори капачето од резервоарот и ќе го попстави цревото внатре. На корисникот ќе му бидат прикажан информации за процесот на турање гориво и ќе види порака на екранот која ќе зааврши. Откако ќе се запали зелено светло кога роботот ќе го затвори капачето, корисникот ќе може да го одвезе возилото. Во меѓувреме се врши и процесот на плаќање.

Роботскиот систем ќе може да се користи и за алтернативни извори на енергија од типот на електрична енергија, водород, CNG и LNG. Сепак, купувачот секогаш ќе може да избира меѓу рачно и автоматизирано полнење. Од друга страна, ова решение ќе стане неопходно кога автономните автомобили ќе ги преплават патиштата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -