Amazon инвестира значителни средства во првата комерцијална фарма за морска трева, која е поставена помеѓу турбините за ветар. Со лоцирање на фармата на претходно празно и неискористени место проектот може да ја зголеми култивацијата на морска трева во Северното Море, велат од компанијата.
Ако вакви фарми се постават на сите песни простори помеѓу турбините на ветар, се очекува до 2040 година да има 1 милион хектари со такви фарми до 2040 година. Тие фарми, пак, ќе може да исчистат милиони тони јаглерод диоксид.
Проектот го предводи непрофитната организација North Sea Farmers (NSF) се очекува да профункционира до крајот на оваа година. Со него менаџира конзорциум од истражувачи и партнери од индустријата за морска трева.
Тие се надеваат дека овој нов проект во Северното Море ќе стане модел за такви фарми да се направат во целиот свет.
Amazon издвои 2,16 милиони долари за оваа фарма и направи едногодишно истражување за намалувањето на јаглерод диоксидот во воздухот со помош на морска трева. Парите се од нивниот глобален фонд Right Now Climate Fund за поддршка на природни решенија.
North Sea Farm 1 ќе се состои од фарма за морска трева на површина од 10 хектари, која се очекува да произведе најмалку 6.000 кг свежа морска трева во првата година и ќе послужи за да се истражи потенцијалот на ваквите фарми за чистење на воздухот.
(Interesting Engineering)
Фото – Flickr