Google ja презема хрватската компанија Photomath

- Advertisement -

Според наводите на порталот IT Biz Crunch, Европската регулаторна агенција за пазарна конкуренција до 28 март треба да одлучи дали на Google ќе му го одобри преземањето на хрватската компанија Photomath.

Од Google за Reuters потврдија дека се во преговори со Photomath за преземање, а датумот кој го споменуваат е во мај годинава.

- Advertisement -

„Технологијата на Photomath ќе му помогне на Google да ја зајакне понудата на подобро искуство во учењето математика и општо, образовната понуда“ велат од Googlе.

Апликацијата која ја направи јрватскиот претприемач Дамир Сабол ја користи камерата на паметниот телефон или џебниот компјутер за да препознае и да објасни математички проблеми.

- Advertisement -

Во неа досега имаат инвестирано компаниите Menlo Ventures, Learn Capital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic. Пред две години Рhotomath доби инвестиција вредна 23 милиони долари, а вкупно досега имаат привлечено 40 милиони долари инвестиции. Засега не е познато колку пари нуди Google за преземање на Photomath, но јасно е дека Сабол и неговиот тим ќе имаат многу причини да бидат задоволни.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -