TikTok сега има над милијарда корисници

- Advertisement -

Популарната апликација за кратки видеа TikTok ја надмина границата од милијарда корисници. Од TikTok соопштија дека сега месечно имаат над милијарда корисници, а тоа е навистина импресивна бројка за платформа која стартуваше со работа во август 2018 година и неколку пати се најде на удар на владите, вклучувајќи ја и владата на САД. Владите на многу земји беа загрижени поради праксата на собирање податоци од страна на матичната компанија на TikTok, ByteDance.

Популарноста на TikTok нагло порасна во текот на пандемијата и TikTok стана апликација со најголем број преземања во светот во првиот квартал од 2020 година. Во тој квартал TikTok беше преземена 315 милиони пати.

- Advertisement -

Приходите на ByteDance во 2020 година беа речиси дуплирани во споредба со 2019 година и пораснаа на 34,3 милијарди долари. Откако се појави на пазарот досега TikTok има 3,2 милиони инсталации, вклучувајќи ја и апликацијата Douyin, која е негова кинеска верзија.

Во август годинава просечниот број на корисници на TikTok порасна за 25% во однос на август минатата година. Во јуни годинава компанијата-мајка на TikTok, ByteDance, вредеше 425 милијарди долари.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -