Во Бугарија се живее најсиромашно, во Луксембург најбогато

- Advertisement -

Последниот извештај на Евростат покажува дека жителите на Луксембург и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.

Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург.

- Advertisement -

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.

 Најсиромашни пак се граѓаните на Бугарија и Словачка.

- Advertisement -

Фото – Pixaby

Сподели!
- Advertisement -