Во крајбрежните води има до 100 пати повеќе пластика отколку пред 6 години

- Advertisement -

Загадувањето со микропластика во крајбрежните води во Велика Британија е 100 пати поголемо отколку пред 6 години, покажа нова студија. Примероците за истражувањето биле земени од страна на три веслачки тимови кои лани учествувале во британската трка GB Row Challenge, долга 3.200 км.

Примероците ги анализирале научници од Универзитетот Портсмут и откриле дека нивото на микропластика во водата е до 100 пати повисокот отколку што покажале податоците кои ги собрал Центарот за животна средина, рибарство и науки за аквакултурата во 2017 година.

- Advertisement -

Научниците велат дека тоа покачување е предизвикано од тоа што честичките со помали димензии се фатени во челичните филтри кои биле искористени за новата студија и дале точна слика за загадувањето.

Истражувањето исто така нашло докази за зголеменото загадување со микропластика во реките – 4-6 пати поголемо во Темза – иако на тоа можела да влијае методата на земање примероци.

- Advertisement -

Д-р Феј Кучеиро од Школата за градештво и геодезија при Универзитетот Портсмут вели дека ззагадувањето на океаните е еден од најголемите предизвици на нашето време. Додава дека опремата која ја користеле за земање примероци им овозможила да соберат многу помали честички – така што можеле да добијат поточна слика за тоа каде и колку е концентрирана микропластиката.

Д-р Кучеиро вели дека кај многу видови консумацијата на голема количина микропластика има негативни ефекти од типот на намален раст, ненормален развој, токсични клетки и сл.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -