Калифорнискиот Сан Хозе ја рециклира пластиката и од неа прави парфеми, боја, делови за автомобили…

- Advertisement -

Што се случува со употребената пластика кога ќе појде во центрите за рециклирање? Може да се измие и да се сомеле, а потоа да се искористи како основа за правење други шишиња. Или, пак, може да се  стопи и да се направи нафта или гориво кое се користи во автомобили. Теорестски, научниците можат да ја дадат и на ензими кои јадат пластика. Но, има и друг начин кој може да ни помогне да ја користиме дури и пластиката која е тешка за рециклирање како што се пластичните кеси.

Сан Хозе во партнерство со стартапот BioCellection ќе го смени начинот на кој се рециклира во градот. BioCellection е „дете“ на Миранда Ванг и Џини Јао, двајца кинеско-канадски претприемачи кои ја основале компанијата додека студирале. Миранда и Јао направиле катализатор кој ја разложува пластиката, но нивниот процес е поевтин и побрз и трае само три часа. На крајот на циклусот, она што некогаш било пластика сега е мешавина од хемикалии, кои понатаму се користат за правење бои, најлонска облека, ѓонови за чевли, делови за автомобили, електроника и парфеми.

- Advertisement -

Ванг тврди дека технологијата на BioCellection има стапка на конверзија од 90%, со потенцијал да стане и подобра. Од Сан Хозе се надеваат дека оваа стапка можат да ја подобрат со новата пилот-програма на BioCellection. Програмата ќе трае една година и ќе се фокусира на пластика од типот 2 (шишиња за млеко, за шампон, кутии за путер) и од типот 4 (кеси за шопинг, фолија).

„Во време кога материјалите за рециклирање се ограничени од други земји и од построги правила, мора да најдеме нови, иновативни начини за да се менаџира со отпадот. Оваа пилот-рпограма е едно можно решение за трансформирање на пластиката во корисни производи“ велат од BioCellection.

- Advertisement -

Калифорнија ги забрани пластичните кеси за еднократна употреба во 2016 година, но сепак такви кеси стигнуваат до центрите за рециклирање на GreenWaste и тоа е проблем затоа што овој тип на пластика е тежок за реупотреба. „Нема пазар за валканата фолија кога ќе биде покриена со отпад од храна, па таквата пластика секогаш завршува на депонија“ велат од GreenWaste.

Но, BioCellection ќе го промени тоа. Стартапот планира да инсталира мобилни лаборатории во центрите за рециклирање во ДСан Хозе со цел да почне производство напролет во 2019 година. Сан Хозе и GreenWaste имаат инвестирано 240.000 долари во остварувањето на таа замисла. Доколку пилот-програмата се покаже ефикасна, од BioCellection се надеваат дека оваа технологија ќе можат да ја прошират во други делови од САД.

Сподели!
- Advertisement -