Првата Национална Олимпијада за Вселената во мисија за поттикнување на „граѓани научници“ и STEAM вештини кај младите

- Advertisement -

Во саботата на 8 април, во Штип се одржа вториот регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената, настан што е предвидено да се одржи во 5 градови низ земјата, а ќе кулминира со големо финале во Скопје во септември. Организаторите на овој настан, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондација Голдилокс Скопје, со поддршка на Амбасадата на САД, имаат за цел да го поттикнат интересот кај учениците за STEАM вештини и да им дадат можност да станат “Граѓани Научници” преку трансфер на знаења и искуства од претходни учесници и ментори на хакатоните NASA Space Apps Challenge.

Следната локација е предвидена за Охрид, на 28.04.2023 каде учество можат да земат ученици од следните градови и населени места:  Охрид, Дебар, Дебрца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа, а ќе можат да се пријават преку нашиот формулар за аплицирање: https://forms.gle/RXjH8DZP7eWrgFKQ8

- Advertisement -

 На регионалниот натпревар во Штип учествуваа вкупно 50 учесници поделени во 18 тимови, од кои 23 ученици од основните и 27 од средните училишта, придружувани од 13 ментори.

Првото место во категорија основци освои тимот „Идни Астронаути“ од ООУ „Ванчо Прќе“ – Штип, составен од учениците Никола Зенделов, Душица Бреслиева и Лејла Омерова, кои работеа на предивикот број 3: „Направи забавен и едукативен стрип за патување од Земјата до Марс“. 

- Advertisement -

Останати добитници на признанија во категоријата основци се:

Второ место: тим Space Minds, ученици Тамара Коцева, Мила Делижова, Ана-Марија Бојаџиска, проект: Еден ден како космонаут

- Advertisement -

Трето место: тим A story of survivals, ученици Евгенија Крстевска Илијоска, Вероника Николоска, Дона Ристова, проект: Пат до Марс, стрип

Interstellar girls STEAM team: Games’n Robots, ученици Андријана Иванова, Вероника Карашова, Елиф Омер, проект: стрип

Out of this World team presentation: ДВИТИМ, ученици Теа Еленска, Ива Ангеловска, Илајда Хасан, проект: презентација за Земјата, историја Марс

 Првото место во категорија средношколци освои тимот „The Chimera“ од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, составен од учениците Бисера Манова, Марија Китанова и Ања Костова, кои работеа на предизвикот бр. 2: „Избери интересен мит за некоја научна појава, истражувај онлајн и направи видео за твоите откритија со цел да го разоткриеш и да ги поттикнеш другите на размислување“, разработувајќи го митот за црните дупки.

Останати добитници на признанија во категоријата основци се:

Второ место: тим ППУ, Елена Џамбазова, Јована Бурева, Ивана Николова, проект: Ајде на Марс, стрип

Трето место го поделија два тима:

тим Mars Fellow, Анастасија Михајлова, Анастасија Арсова, Драгана Иванова, проект: 3Д стрип за Патување до Марс;

тим Capybaras, Мила Савевска, Валери Ѓорѓиев, Макрина Јорданова, проект: 4 годишни времиња, мит или вистина?

Interstellar girls STEAM team: Space X, Мелани Пешова, Мила Кралева, Симона Бошева, проект: стрип Патување до Марс, еко приказна

Out of this World team presentation: Academic Alliance, Ива Јосифова, Теодора Филова, проект: пат до Месечината, дигитален стрип

Жирито кое го оценуваше квалитетот на презентираните проекти беше во состав:

Јасминка Дурдубакова – наставник, Проф. Александар Велинов – Факултет за информатика при Универзитет Гоце Делчев – Штип, и Тони Попов – Машински инженер и претприемач.

Првопласираните од категориите основци и средношколци на регионалниот натпревар во Штип, се втора група на учесници кои ќе учествуваат и на завршниот настан во Скопје, кога за прв пат ќе бидат лансирани 2 метео балони BallonSAT. Балоните ќе летаат до почетокот на вселената, а ќе бидат опремени со сензори и експерименти направени од победниците на регионалните натпревари.

Настанот се одржа во просториите на Млади Хаб Штип. Особена благодарност за поддршката упатуваме до Кире Јованов, координатор на Млади Хаб – Штип, до Општина Штип, како и до Снежана Санева, раководителка на секторот за Образование во општината.

За потсетување, победници на првиот регионален натпревар во Гостивар кој се одржа на 11-ти март 2023, се 14-годишните Теона Ѓерасимовска и Мирослав Настовски, од ООУ „7 Марси“ – Челопек (тим „Invictus“) од категоријата основци, и 16-годишните Велко Тодоровски, Стефанија Трифуновска и Михаела Петровска од Yahya Kemal College Tetovo (тим „Anemoi“) од категоријата средношколци.

На првиот регионален натпревар учествуваа 88 учесници од Гостивар, Тетово, Маврово и Ростуше, Желино, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Јегуновце и Брвеница, како и од градот Скопје.

Настанот доби скапоцена поддршка и од Центарот за стручно образование и обука на чело со Директорот Шериф Мифтари, како и од Општина Гостивар, претставена преку Раководителката на Секторот за образование Аслиан Снопче. Посебна благодарност упатуваме и до Бесир Аслиу Директорот на ОСТУ Средно Техничко Училиште „Гостивар“ , училиштето домаќин на првата локација.

За редовни новости, следете не’ на: https:// www.facebook.com/NewMansBA

Сподели!
- Advertisement -