Овие европски земји ви плаќаат за да одите на работа со велосипед

- Advertisement -

За многумина одењето на работа наутро е измачување затоа што со часови заглавуваат во сообраќаен метеж или не можат да најдат место да го паркираат автомобилот. Затоа во Европа се повеќе луѓе ги заменуваат автомобилите и автобусите за велосипеди.

Bозењето велосипед е одлично за вашето здравје и е фантастична алтернатива која не испушта јаглерод диоксид. Се прашувате кои европски земји се најнапредни на тоа поле? Еве го одговорот на тоа прашање.

- Advertisement -

Многу европски земји имаат посебни шеми за возење велосипед до работа, но се разликуваат многу од земја до земја. Холанѓаните, на пример, возат велосипед просечноl по 2,6 км дневно. Ако овој просек се преслика на глобално ниво, че се намали емисијата на јаглерод за 686 милиони тони, што е повеќе отколку што испушта Велика Британија годишно.

Холандската влада ги поттикнува луѓето уште повеќе да возат велосипед со т.н. „џепарлак за километри“. Во суштина, од 1006 година наваму бизнисите ги наградуваат луѓето кои возат велосипед до работа со 0,19 евра за километар, што влдата потоа им го одбива од даноците. Овој џепарлак претходно беше достапен само за возачите на автомобил кои со тие пари ги покриваа трошоците за гориво, но од 2007 година наваму е достапен и за возачи на велосипед, кои бидејќи не трошат гориво, можат да си ги заштедат тие пари. Така, некој што вози по 10 км на ден пет дена во неделата може да заштеди околу 450 евра годипно од оваа шема.

- Advertisement -

Белгија има слична шема, каде што луѓето што возат велосипед до работа можат да добијат 0,24 евра за поминат километар. Според Brussels Times, 1 од 5 вработени во мали и средни компании го искористиле овој џепарлак во првата половина од 2022 година.

Французите кои возат велосипед до работа , пак, добиваат по 0,25 евра за километарм што на годишно ниво е просечно околу 200 евра. Резултатите од пилот фазата, во која учествувале 18 компании, покажале 50% скок на брјот кои воат велосипед до работа.

- Advertisement -

Во Италија шемите за возење велосипед се различни зависно од регионот во кој се наоѓате. На пример, во Бари, главниот град на регионот Пуглија, возачите на велосиоед до работа добиваат 0,21 евро по километар. Италијанската влада им дава и ваучери за купување нов велосипед. w bike.

Во Луксембруг лушето кои патуваат со велосипед до работа можат да заштедат до 300 евра од годишниот данок и тие пари да ги искористат за купувањ нов велосипе.

Велика Британија на луѓето кои патуваат со велосипед до работа им нуди опција да купат велосипед за 32% пониска цена од редовната. Шпанската влада, пак, размислува да ја воведе програмата „На велосипед до работа“ (‘En Bici al trabajo’), која на возачите на велосипед ќе им плаќа за да возат велосипед до работа.

(Euro News Green)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -