Загадувањето на воздухот може да го намали бројот на јајце клетки кај жените

- Advertisement -

Загадениот воздух не ги уништува само нашите бели дробови. Најново истражување покажа дека лошиот квалитет на воздухот се поврзува со намален број на јајце клетки во јајниците на жените. Одамна е познато дека животната средина влијае врз нашиот репродуктивен систем, а повеќе студии го поврзаа нискиот број на сперматозоиди кај мажите со климатските промени, но досега немаше такви изтражувања за ефектите кај жените.

Најновото истражување на Европското здружение за репродукција на човекот и мебриологија е првото кое го анализира бројот на јајце клетки, а не само плодноста. Италијански истражувачисобрале примероци од хормони на 1.300 жени и ги споредиле нивните нивоа на хормонот AMH со квалитетот на воздухот. Хормонот AMH ги покажува „резервите“ на јајце клетки кај жените и варира во зависност од возраста, генетиката на жените и дали се пушачи.

- Advertisement -

Истражувачите сега открија дека пониските нивоа на AMH се поврзани со повисокиот степен на загадување на воздухот. Сепак, истражувачите додаваат и дека загадувањето на воздухот е поголемо во региони со посиромашно население, па таму има дополнителни фактори кои влијаат на плодноста. Истражувањето исто така ја мерело индиректната изложеност на загадување.

Живеењето во регион со големо загадување на воздухот придонесува за два до три пати поголем ризик од намален број на јајце клетки е заклучокот на истражувачите. Други истражувања го имаат поврзано загадувањето на воздухот со нередовен месеен циклус кај жените. Треба да се направат дополнителни истражувања за да се утврди дали овој новооткриен ефект на загадениот воздух врз бројот на јајце клетки е привремен или траен.

Сподели!
- Advertisement -