Кина по прв пат ќе произведе 50% енергија од извори кои не се фосилни

- Advertisement -

Горивата од обновливи извори како што се ветрот, сонцето и хидроелектраните до крајот на оваа година по прв пат во историјата ќе достигнат половина од вкупното производство на енергија во Кина. Тоа ќе ја намали употребата на фосилни горива, објави кинеското Собраните за електрична енергија.

Кина, која моментално е на прво место во светот по емисијата на стакленички гасови и потрошувачката на јаглен, планира во 2022 година да додаде 180 гигават-часови нови капацитети за производство на енергија од горива кои не се фосилни. Така, вкупниот капацитет од извори кои не се фосилни би се зголемил 1300 GW.

- Advertisement -

Tоа би било половина од вкупно 2600 GW енергетски капацитет инсталиран до крајот на годината, од што на јагленот отпаѓаат 1.140 GW. Кина се обврза да ја контролира потрошувачката на јаглен во периодот од 2021 до 2025 година и да го зголеми вкупниот енергетски капацитет од обновливи извори како ветрот и сонцето на најмалку 1200 GW до крајот на оваа деценија, за до 2030 година да го достигне врвот на потрошувачката на јаглен, а до 2060 година да достигне карбонска неутралност.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -