ЕУ воведува ригорозни правила за 19 технолошки гиганти

- Advertisement -

Европската комисија избра група од 19 најголеми технолошки гиганти на кои ќе се применуваат ригирозни обврски во рамките на Актот за дигитални услуги. Тие 19 избрани компании ќе мора да се придржуваат до сите правила на актот, но за нив ќе важат и посебни, построги прописи по принципот што поголема платформа, толку построги правила.

ЕУ со тоа покажа дека сфаќа дека најголемата одговорност за незаконски онлајн содржини треба да ја преземат технолошките гиганти. На листата со тие гиганти нема некои изненадувања – 17 од нив се големи интернет платформи, а 2 се многу големи интернет пребарувачи. Тоа главно се американски компании, неколку големи европски играчи, една кинеска компанија и една непрофитна организација.

- Advertisement -

На листата со регулирани платформи се најдоа: Facebook, Instagram, LinkedIn, Pinterest, Snapchat, TikTok, Twitter и YouTube, непрофитната организација Wikipedija, онлајн страниците за купување Alibaba AliExpress, Amazon Store, Apple AppStore, Booking, Google Play, Google Shopping и Zalando, двата пребарувачи Google Search и Bing, како и за Google Maps.

Тие ќе мора постојано да ја проценуваат и да ја ублажуваат штетата која нивните производи можат да ја предизвикаат и да обезбедат алатки за модерирање на тие содржини. Конкретно, тоа значи дека корисниците ќе добијат јасни информации за тоа зошто им се препорачани одредени информации и ќе имаат право на барање да престанат да примаат препораки на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Огласите повеќе нема да смеат да се прикажуваат на основа на осетливи податоци за корисниците, како што се етничкото потекло, политичките мислења или сексуалната ориентација. Ќе бидат забранети и таргетирани огласи врз основа на профилирање на деца.

Платформите и пребарувачите ќе воведат механизам кој на корисниците им овозможува полесно пријавување на незаконски содржини и ќе мора да ги бришат таквите содржини во краток рок.

- Advertisement -

Регулираните компании, исто така, би требало побрзо да препознаваат и да отстрануваат говор на омраза, дезинформации и осветничка порнографија од своите платформи. Исто така, платформите ќе бидат обврзани да утврдуваат, да анализираат и да ублажуваат содржини кои се однесуваат на родово засновано насилство на интернет и штетни содржини кои влијаат на малолетниците.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -