Google планира да го персонализира својот пребарувач со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Откако ChatGPT го освои светот, а Microsoft во вгради во својот пребарувач Bing, Google се обидува да најде начин со кој би му конкурирал. Njihov AI четбот Bard баш и не се прослави кога беше претставен, но тоа не го сопре Google да продолжи да работи на развојот на вештачка интелигенција и на начините како да ја интегрира новата технологија во своите веќе постоечки производи.

Како што пишува Wall Street Journal, врз основа на документи кои ги добиле на увид, Google планира да ја воведе вештачката интелигенција во својот пребарувач и така да го направи „персонален“.

- Advertisement -

Поточно, вештачката интелигенцијa овој популарен пребарувач треба да го направи поедноставен за користење, со персонализирани резултати, но и со акцент на визуелното. Во документите се вели дека акцентот ќе биде ставен на услужување на помладите корисници ширум светот.

Во план е ширење на услугата – од 10 најпопуларни резултати, кои често се резултат на алгоритмите на Google и на платените услуги, на резултати кои се прилагодени на нависките на индивидуалните корисници.

- Advertisement -

Се очекува дека новите опции во преварувачот на Google ќе бидат претставени на годишната конференција I/O, која се одржува идната недела. Меѓу новите опци се очекува водење разговори со четбот со вештачка интелигенција, што во Google го нарекуваат проектот Magi.

- Advertisement -

(WSJ)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -