За милиони луѓе ширум светот дегенеративната болест на мрежницата е голем проблем, затоа што клетките осетливи на светлина во задниот дел од окото наречени фоторецептори умираат и не се обновуваат. Благодарение на ново научно истражување можеби не е делакеу решението ан тој проблем.
Научници од Канада смислија начин за трансформација на заспаните потпорни неврони, наречени Милерови клетки, во ткивата кои работат како фоторецептори, кои се оотребни за перцепција на боите и острината на видот. Процесот засега е тестиран само на клетки кај глувци, но на крајот би можело да се развие и терапија за враќање на видот кај луѓето.
Дел од причината зошто ги избрале тие клетки за истражувањето е затоа пто имаат способност за репрограмирање кај некои животни. За жал, тоа не е трик кој тие клетки можат да го направат и кај луѓето. Интересно е тоа што не е поознато дека Милеровите клетки ја реактивираат и ја регенерираат мрежницата кај рибите. Кај цицачите, вклучувајќи ги и луѓето, тие клетки вообичаено не го прават тоа после повреда или болест. Уште не знаеме зошто, велат канадските научници.
Студијата за ова е објавена во списанието PNAS. За канадската студија клучни биле гените Ikzf1 и Ikzf4 и протеините кои ги произведуваат тие гени. Тие протеини се познати како фактори на временски идентитет, за кои веќе се знае дека играат битна улога во развојот на различни други типови клетки. Во истражувањето Милеровите клетки биле изолирани и одгледани пред да бидат репрограмирани со користење на различни фактори за временски идентитет, вклучувајќи ги и Ikzf1 i Ikzf4. тие фактори не ги трансформирале целосно, но презеле некои од потребните карактеристики за да функционираат како фоторецептори.
Иако истражувањето уште е во рана фаза, тој процес би можел да се прилагоди и за примена кај луѓето.
(Science Alert)
(фото: Flickr)