Париз изгласа воведување на трипати повисоки цени за паркирање на големи возила

- Advertisement -

Жителите на Париз завчера го триплираа надоместот за паркирање на гломазни возила, како што се теренците, поради еколошки и безбедносни причини. Прашањето на референдумот било дали треба надоместот за паркирањ ена јавните паркинзи да се зголеми трикратно за гломазните возила? Тоа значи дека за 1,5 час паркирање во центарот на Париз наместо сегашните 6 евра, големите возила ќе плаќаат 16 евра на час, а во преградијата наместо 4, ќе плаќаат 12 евра на час.

Поголемиот надомест ќе важи за сите модели во моторен погон и на хибридните модели со тежина поголема од 1,6 тони и за електричните модели потежки од 2 тона. Околу 1,3 милиони жители на Париз учествуваа во гласањето наречено „Повеќе или помалку теренци во Париз“. Според резултатите во гласањето учествувале нешто помалку од 6% од тие со право на глас.

- Advertisement -

Околу 54,5% гласале за покачување ан цената за паркирање, а околу 45,5% биле против поскапувањето. Аргументот на градот во корист на покачувањето на паркинго за теренските возила е дека тешките возила го зголемуваат загадувањето, заземаат повеќе јавен простор и ја загрозуваат безбедноста по патиштата.

Повисоката цена на паркингот би важела и за туристите и за посетителите на градот, но жителите и службите за одржување може да поднесат барање за исклучок. Промената на цената не би ги опфатила приватните паркинзи.

- Advertisement -

Поскапување на цената на паркингот за теренците се планира и во Лион, Бордо и во Гренобл.

(24sata)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -