Apple ќе бара задолжителна бустер доза од своите вработени

- Advertisement -


Почнувајќи од 24 јануари невакцинираните вработени кои не поднеле доказ за вакцинација ќе мора да имаат негативни КОВИд-19 тестови за да влезат на работа во Apple. Уште не е јасно дали ова правило ќе важи за вработените во корпоративниот или и за малопродажниот сектор.

„Поради предупредувањата за ефикасноста на првите серии на вакцини против КОВИд-19 и високата трансмисија на варијантите како омикрон, бустер вакцината сега е дел од задолжителната вакцинација за да се заштитиме од оваа сериозна болест“ се вели во дописот на Apple до вработените, пренесува The Verge.

- Advertisement -

Apple нема одговорено на ова тврдење. Многу американски компании ги заоструваат своите правила за КОВИд-19 и бараат задолжителна вакцинација и одложување на враќањето на работното место за своите вработени додека омикрон варијантата се шири низ земјата.

Минатата ндела и компанијата-мајка на Facebook, Meta Platforms, наложи задоителна бустер доза за вработените кои се враќаат во канцеларија. Исто така, компанијата ќе го одложи повторнто отворање на канцелариите во САД за 28 март, наместо како што беше планирано за 31 јануари.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -