Во свет со кој владее врвна технологија автомобилската индустрија постојано се обидува да интегрира иновативни опции во автомобилите. Така, компанијата Genesis за својот автомобил GV60 нуди препознавање лице и отпечатоци. GV60 е првиот целосно електричен модел на компанијата Genesis, која прави луксузн возила за групацијата на Hyundai group. Автомобилот има опции Face Connect и Fingerprint Authentication System, со кои овој производител на автомобили сакља на корисниците да им понуди нешто практично безбедно и персонализирано.
Face Connect е опција која овозможува возилото да го препознае лицето на возачот и да ги отклучи или да ги заклучи вратите без клуч. Кога сопственикот ќе ја дпре рачката, камерата поставена вп возилото ќе го анализира лицето и моментално ќе го идентификува сопственикот. Опцијата им овоможува на сопствениците да регистрираат повеќе профили, па идеална е за семејства со повеќе лица кои возат.
Со Face Connect дисплејот, седиштето, волано и ретровизорите може да се наместат посебно за секој возач. Автоматски може да се конектира во профилот на соодветниот возач и да го зголеми чувството на индивидуалност.
Ког возачот ќе биде во автомобилот, опцијата Fingerprint Authentication System, која се наоѓа до менувачот на брзини, може да се користи за да се стартува воЗилото и да се вози без потреба од клуч. Системот, исто така, нуди и функција за автентикација за онлајн плаќање преку автомобилот.
GV60 ја има и најнапредната верзија на Digital Key feature, која на возачите им ги отвора вратите без потреба од телефон. Digital Key 2 сега на корисниците им овозможува да влезат и да излезат од возилото со едноставмо допирање на рачктата.
(Interesting Engineering)
(фото: Genesis)