Илон Маск лани изјави дека во 2023 година најпродаван автомобил во светот ќе биде Teslа Model Y. Иако има уште доста време до крајот на оваа година, по утрото денот се познава и изгледа дека оваа негова најава ќе се покаже за точна. Имено, според податоците кои ги објави експертот за автомобилска индустрија Фелипе Муњоз од маркетинг компанијата JATO Dynamics, во првиот квартал од годинава Model Y стана најпродаван автомобил во светот.
Извештајот според кој Model Y е најпродаван во светот се базира на комбинација на податоци од компанијата JATO со 53 пазари, официјални податоци и проценки за 31 други пазари и за остатокот од светот, така што нивните податоци не прикажуваат целосни бројки.
Според податоците кои се достапни, во текот на првиот тримесечен период од годинава Tesla продала над 267.000 автомобили Model Y. Tоа е пораст од речиси 70% во однос на истиот период минатата година. Од друга страна, досегашниот лидер на пазарот, Toyota Corolla, забележа пад на продажбата од речиси 30% на кинескиот пазар и 10% на американскиот пазар. Бројот на продадени Corolla автомобили е нешто над 256.000 во текот на првиот квартал и ќе биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката за ова возило до крајот на годината.
После Corollа, третиот најпродаван автомобил во светот е Toyota Hilux со 125.000 продадени возила, па следуваат RAV4/Wildlander со 211.000 и Camry со 166.000.
Со оглед на тоа дека сите тие податоци не се стопроцентно точни, треба да се земат со доза резерва. На Teslarati велат дека Corolla е особено популарна на пазарите во развој и дека е можно автомобилот на Toyotа и понатаму да е најпродаван во светот. Но, бројките сепак покажуваат дека има се поголема побарувачка за Model Y, која може и да продолжу и прв пат во историјата еден електричен автомобил ќе биде на врвот по продажбата во текот на цела година.
(Zimo)
(фото: )